Интер, се` уште, нема ништо сериозно продадено (Кварезма колку и да чинеше при доаѓањето, не го сметам за значаен дел од тимот) иако наголемо се шпекулира за заминувањето на Балотели (дестинација или Манчестер или Лондон) и Маикон (Мадрид), но додека нешто не се официјализира не можеме да зборуваме за такво нешто.
Исто така, нема да зборувам за евентуални доаѓања додека не се случат, инаку за шпекулациите можам да пишувам цел ден.
Со самиот старт на подготовките Интер претстави две засилувања:
1. Лука Кастелаци - човекот кој дојде како слободен играч, а беше дел од Сампдорија. Тој си ја знае својата ролја во клубот, ќе биде втора опција после Цезар, и што е најважно, е задоволен од тој статус.

2. Лудовик Џонатан Бијабиани - е производ на нашата младинска школа. Минатата сезона играше во Прама (29наст. - 6 гола). Карактеристична е неговата екстремна брзина што може многу да ни послужи, и важен аспект е што може да игра како крилен напаѓач. Заборавив да споменам дека не потрошивме и за него пари, бидејќи се` уште беше (и е) играч на Интер.

Вчера беше претставено и засега последното засилување - Филипе Кутињо.
Кутињо важи за момче со огромен потенцијал! Игра во средината на теренот, позади напаѓачите (а ла Весли Снајдер позиција). Има само 18 години, и баш поради возраста не беше во можност да му се придуужи на тимот (поради одреден закон во Бразил) иако Интер го беше потпишал пред 2 сезони. надежите што ги полага Интер во него се големи, и да се надеваме дека ќе биде нашиот Кака!


http://www.youtube.com/watch?v=DtpRt4Z5Nw4&feature=player_embedded
Е па едно големо добредојде до момците од мене како фан на Интер, со надеж дека ќе продолжат како нивните колеги до сега, со многу титули!
Forza Inter!
No comments:
Post a Comment