Моето навивање со Интер имаше своевиден вовед! Се започана со СП`90 во Италија. Освен што ме импресионираа „нашите“ т.е. Југославија, имаше извесни фудбалери кои ми оставија впечаток. Тоа беа Ѕенга (поради изгледот, фризурата и ненормалните одбрани), Матеус (кој ја торпедираше Југославија) и Клинсман (поради паналот во финалето и неговите продори низ противничките одбрани).
После светското со сето срце и бев посветен на Црвена Ѕвезда (која стана шампион баш таа сезона во Купот на шампиони), но наеднаш на една најава на телевизија погледнав нешто во што не ми се веруваше - Клинсман, Матеус и Ѕенга игаат во ИНТЕР! Најавата беше за мечот во Милано на Интер против Партизан. Со душа чекав да дојде мачот, но кога дојде ми се случи шок. Моите дома не ми дозволија да го гледам! Поради тоа и избегав од дома за една пола вечер чисто со цел да им покажам колку ми значи тоа. Одкога ме најдоа беа свесни за мојата фасцинираност кон фудбалот и дон денешен немам сериозни проблеми да го гледам тоа што го сакам :)
Значи се уште не се сметав за навивач на Интер, но кога и да го даваа Интер на телевизија не пропуштав да го гледам, и нормално тие 90 минути да бидам за нив. Така беше се до 1997 год. и трансферот на Роналдо!
Но, не беше се завршено тука, во таа сезона навивав всушност за два тима, Интер (во Италија и УЕФА купот) и Реал Мадрид (Лига на шампиони). Така беше се до следната сезона кога двата до тогаш мои омилени клубови не се сретнаа во групната фаза во Лига на шампиони и тоа веќе во првото коло играа меѓусебе во Мадрид. Прашањето беше очигледно кој ќе биде клубот за кој ќе продолжам да навивам! Мојата за мисла беше едноставна, кој ќе победи ќе биде клубот за мене! Победи Реал Мадрид! Но, додека траеше натпреварот во мене се случуваше нешто чудно. Молев бога Интер да не прими гол со цел да продолжам да навивам за нив! И заврши натпреварот. Заклучокот беше едноставен. Емоциите од тој натпревар беа 100% на страната на ИНТЕР! Одлуката беше донесена од моето срце!
Како и што се вели вистинскиот Интериста се раѓа!
No comments:
Post a Comment